Истражување: Заборавеноста е всушност знак за поголема интелигенција – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Истражување: Заборавеноста е всушност знак за поголема интелигенција

Ако сте меѓу оние кои забораваат секојдневни работи кои повеќето вообичаено ги памтат, сега е време да знаете дека радо би можеле да бидете горди на тоа. Имено, меморијата секогаш е перцепирана како една од најсилните ментални особини, меѓутоа истражувачите од Универзитетот во Торонто велат дека зборавањето е подеднакво важно како и помнењето.

Авторот на студијата, професорот Блејк Ричард објаснува дека најголемата полза од меморијата е оптимизацијата при донесувањето одлуки. Мозокот го постигнува ова на тој начин што филтрира беззначајни детали и ги задржува работите кои ќе придонесат за интелигентни одлуки во реалниот свет.

„Лошата меморија“ е впрочем механизам во мозокот кој служи за тоа бргу да создаде простор за важни информации и да не му дозволува на мозокот да троши енергија, помнејќи секојдневни и беззначајни информации. Професорот Ричард објаснува дека информациите кои се лесно достапни, како фактите кои може да ги најдете на интернет, се нешто што вашиот мозок не го помни. Наместо тоа, мозокот ќе го ослободи тој простор за да ги зачува информациите за кои навистина постои неопходност да бидат запомнети.

Тој исто така, предлага дека би требало да ја „чистите“ вашата меморија. Тоа може да го направите на тој начин што ќе одите во теретана или ќе правите некои други физички активности.

„Не сакате да заборавате се’, но ако заборавате многу повеќе отколку што е нормално тука би можело да има причина за грижа. Сепак, ако сте некој кој заборава секојдневни детали, тоа е веројатно знак дека вашиот мемориски систем е совршено здрав и дека го прави точно тоа што треба да го прави“, додава професорот.

 

Би те интересирало и

Само еден миг е потребен за да ја изгубиш самодовербата

За жал, чувствувам дека сме отидени до таму што довербата ништо не ни значи и ...

Се’ за храна: Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на ...