Италија со нови рестрикции во спасувањето на бегалци во Медитеранот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Италија со нови рестрикции во спасувањето на бегалци во Медитеранот

Жестоки реакции од добротворните организации и групите за права по објавата на новиот кодекс на италијанската влада за спасување на бегалците во Медитеранот.

Според предлогот, одобрен од Европската унија, бродовите за спасување на бегалци управувани од добротворни организации, не смеат да комуницираат со шверцери со луѓе преку телефон или со помош на светла за утврдување на нивната локација. Тие сега само можат да патролираат во меѓународните води, но не и во либиските територијални води каде што можат да ги приберат барателите на азил поблиску до брегот. Секој брод што ќе биде откриено дека ги прекршил новите правила, ризикува да добие забрана за прифаќање во италијанските пристаништа.

Организациите за човекови права обвинуваат дека со новиот кодекс во опасност се ставаат илјадници животи.

Новите правила се последниот потег на Рим во обид да го стави под контрола приливот на бегалци во услови на зголемени анти-имигрантски чувства од страна на владата на премиерот Паоло Џентилони.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Мун и Ким разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Јужнокорејскиот претседател и севернокорејскиот лидер, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун разговараа за денуклеаризација и мир ...

Долги затворски казни за новинари на Џумхуриет

15 новинари и уредници на турскиот весник се осудени на затворски казни, поради наводна терористичка ...