И партијата на Амди Бајрам дел од Владата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

И партијата на Амди Бајрам дел од Владата

БЕСА на Африм Гаши, ДПА на Мендум Тачи и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам – се новите коалициски партнери на Владата.

Ова го соопшти денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања, откако заврши судското рочиште за предметот Поткуп.

Заев рече дека продолжуваат разговарите и со други субјекти, но не сакаше да споменува имиња бидејќи за тоа треба да одлучуваат органите и телата на политичките партии:

„Штом тоа ќе биде готово ќе се соопшти веројатно од самите партии кои ги номинираат кандидатите. Јас разговарав за кандидатите и мене ми е важно за какви личности се работи на што посветувам сериозно внимание. При крајот на мај со новиот владин состав ќе разговараме за подолните ешалони, за директорски, заменички директорски места, подрачни единици и слично во функција на преземање на одговорноста на сите сегашни и нови партиципиенти на власта“, додаде тој.

Премиерот тврди дека Бајрам нема да добие министерски места, туку како што вели,  ќе има  одговорност во одредени други позиции туку други позиции.

Запрашан за тоа, кои министри на СДСМ ќе бидат сменети, Заев рече дека не би соопштувал ништо,  бидејќи се уште тече  процесот на одлучување.

Одговарајќи на новинарско прашање, како може да има доверба во лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој наводно според таканаречените бомби бил дециден дека ќе биде верен на партијата што претходно беше на власт, Заев истакна дека довербата е релативна работа.

„Јас зборувам за имиња и презимиња кои ќе учествуваат во Владата. Тоа е призмата низ која се обидуваме да разговараме“.

Би те интересирало и

Промовирана Стратегијата за образование: Целосна реформација на образовниот систем до 2025 година

Целосно реформирање на македонскиот образовен систем во следните седум години – ова е целта на ...

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...