Кавадаречките екологисти „Еко Живот“ научија како се прави еколошка куќа

Регионалното еколошко друштво “Еко-живот” од Кавадарци изминатиов период беше дел од меѓународен проект за заштита на животната средина, кавадаречките екологисти научија како се прави еколошка куќа.

Kуќа од еколошки материјали научија да направат кавадаречките екологисти во рамките на меѓународниот проект во Србија.

Славица Саздовска од Движењето на екологистите на Македонија на прославата од седум години постоење на Еко свест Кавадарци, говореше за значењето на еколошките куќи кои стануваат тренд во светот. Изградени од природни материјали,слама,трска и кал се со цел намалување на органскиот отпад во природата.

Архитетот Сузана Плачкова, зборуваше за атрактивноста на овој проект, материјалите и начинот на изградба на овие куќи.

Очекувањата на Претседателот на ,,Еко-живот”, Роберто Паризов е дека ќе се зголеми јавната свест за еколошките теми токму со вакви проекти.

Владимир Маневски беше еден од претставниците на проектот кој се реализираше во Романија.

Александар Тефов зборуваше за активностите во Хрватска, изградба на соларен колектор за топла вода од македонските претставници.

Екологијата е главен двигател за зачувување и подобрување на човековата околина, како и подигнување на јавната свест, се сложија присутните.

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...