Кагава останува во Борусија Дортмунд до 2020 година

Јапонскиот фудбалер,Шинџи Кагава го продолжи договорот со Борусија, соопшти бундеслигашот од Дортмунд.

Јапонецот кој во Дортмунд пристигна во 2010 година, од 2012 до 2014 година настапуваше за Манчестер Јунајтед, а потоа повторно се врати во Борусија, клуб за кој се обврза да игра уште три сезони.

„Дортмунд со неговите навивачи ми се во срцето и многу сум среќен што ќе останам во овој клуб и во следните три години“, изјави Кагава.

Тој со Борусија има освоено две титули во Бундеслигата и два трофеја во германскиот куп.

Би те интересирало и

Евертон бара нов тренер: Прв избор – Томас Тухел

Отказот врачен на Роналд Куман беше очекуван по слабите игри на стартот од сезонава, но ...

Очекувана победа на Реал над Еибар

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа очекувана победа во дуелот против Еибар. На средбата од 9. ...