Казна за Дрисла од 8500 евра за пречекорување на емисиите на печката за медицински отпад – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Казна за Дрисла од 8500 евра за пречекорување на емисиите на печката за медицински отпад

Поднесена е прекршочна постапка против депонијата Дрисла,  која својата работа ќе мора да ја ограничи на осум часа дневно, наместо да работи во три смени како досега. Казната што Дрисла ќе треба да ја плти за прекршување на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух е 8500 евра. Ова  денеска на прес конференција го соопшти директорот на инспекторатот за животна средина, Мирослав Богдановски.

„Казната се движи до 25 000 евра. Прекршочната комисија донесе спогодбена одлука депонијата да се казни со 8500 евра. Се постапи по Законот за амбинтален воздух“, додаде Богдановски.

Тој рече дека на Дрисла и’ е даден рок од 90 дена да постави филтри, со кои би се намалило аерозагадувањето. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека рокот истекува следниот месец и доколку не ги постави потребите филтри, повторно ќе се постапки согласно Закон.

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...