Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите членови, од играчите па се до возачите и хигиеничарките.

Одлуката ја соопштил генералниот менаџер на клубот Павел Астакјов. Раководството на Химки смета дека тимот никогаш не бил посилен според имињата и поради тоа било недозволиво таква екипа да бележи толку лоши резултати.

Химки добро ја почна сезоната во Евролигата, но потоа следуваше лош период и во моментов се на 7.место со девет победи и седум порази.

Следниот натпревар рускиот тим во Евролигата ќе го игра в петок (12 јануари) на домашен терен против Реал Мадрид.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Леброн Џејмс и дружината поразени во Минесота: Кавс губеа и со 41 разлика (видео)

Минесота одигра перфектен натпревар или Кливленд одигра очајно, никогаш нема да може да се процени ...