Каква храна добија болните во Штипската клиничка болница од тендерот вреден 16,5 милиони денари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Каква храна добија болните во Штипската клиничка болница од тендерот вреден 16,5 милиони денари

Веќе трет ден, храната во Штипската клиничка болницата ја доставува приватна компанија која го доби тендерот  во износ од 16.520.000 денари. Наместо пациентите за појадок   да добијат – леб, путер, мармалад, топено сирење, корнфлекс и стерилизирано млеко,предвидено во тендерот,пациентите добија парче мармалад и путер,обвини на денешната  прес-конференција Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.

,,За скандалот да биде уште поголем, компанијата која ја доставува храната очигледно не ги исполнува ни основните услови за производство, транспорт и пакување на храната. Актуелниот директор не само што не се погрижил да осигури задоволување на основните законски услови за достава на храна за болни лица, туку и предвидената количина е недоволна за закрепнување на пациентите“, додаде Здравков.

Тој го праша директорот на Клиничка болница дали компанијата која го доби тендерот има воведено ХАСАП систем за производство на храна и дали  транспортот на храната се врши согласно препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство или со овој обичен пик ап, кој не ги исполнува елементарните услови за транспорт на храна?

,,И за крај, како е возможно тендерот од 270.000 евра  за готови оброци за болнички пациенти да го добие компанија која е ќерка фирма на градежна компанија и која ниту има искуство со производство на храна за комерцијални цели, ниту е регистрирана како кетеринг кујна“, вели Здравков.

На тендерот за снабдување на Клиничката болница со храна за болните, се пријавиле шест фирми. Фирмата што го доби тендерот ја постигнала најниската цена а ги имала обезбедено и сите потребни документи,одговори директорот  Ален Горгиев.

Храната која според раководството, пациентите ја добиваат сега

,,Не е мое да утврдувам чија е таа фирма,син или ќерка.Храната се доставува согласно менито кое што го имаме  делумно препишано од другите болници кај што со години така функционира и кои што добиваат услуги за пациентите од надворешен извор.Храната е пакувана а за исправноста ќе си одговара оној што ја набавува храната.За она како изгледала ,бидејќи видов некои слики кои што се објавени и прашањето од каде ние тоа ја набавуваме храната ,не би сакал да коментира,бидејќи  граѓаните многу добро знаат во какви услови до сега и каде се правеше храната, која што ја примаа болните, кој ја транспортираше и кој ја делеше.Тоа е веќе едно минато.Сметам дека за болницата ова е голем настан и многу бргу пациентите ќе ги почувствуваат бенефитите од овој начин на исхрана во болницата.,,одговори Горгиев.

Како и секој почеток ,тој признава дека можеби имало некои ситни пропусти но дека тие веднаш ќе бидат надминати.

 

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...