Како да ги поставите вашите цели за 2018 година за да ги исполните сите? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Како да ги поставите вашите цели за 2018 година за да ги исполните сите?

Помина уште една година… Што се случи? – Можеби ова е мисла која периодов ја имаат многумина, па доколку и вие сте дел од овие луѓе, едно нешто што можете да направите за да го откриете моделот по кој сте ги изршувале обврските изминатата година, е да седнете и да ја разгледате вашата агенда од истата. На овој начин ќе увидете кои работи ви успеале, а кои предизвици не сте можеле да ги надминете. Потсетете се на среќните моменти, но и она оние кои ви донеле фрустрација.

Ова е основата за она што доаѓа следно: поставување на целите за годината што доаѓа.

За да можете ефективно да поставете цели за себе, прво мора да откриете зошто не сте ги исполниле целите кои сте ги поставиле претходно.

Како општество, опседнати сме со поставување на лични цели. Подготвуваме листи со задачи и агенди, читаме мотивациони изреки кои ни ги поттикнуваат амбициите. Иако точно знаеме што посакуваме, честопати минуваме часови и часови додека да ги исполниме посакуваните нешта.

Она што може да се извлече од нашите лични и од однесувањата на луѓето околу нас кога се работи за остварување на целите, е дека не успеваме да ги оствариме поради една и единствена причина.

Кога целта не е присутна и допирлива на дневна база, станува експоненцијално потешко да увидиме дали се движиме во вистинската насока.

На пример, доколку целта ви е да вежбате кошарка секој ден и ќе се обидуваете да дадете по десет коша дневно, тоа ви делува како цел која лесно може да се оствари. Се работи за повторување на една активност десет пати секој ден. Целта е мерлива. Но што се случува доколку целта ви е да станеме светски познат кошаркар?

Како ќе го измерите тоа?

Особено кога сте на самиот почеток, како ќе знаете од каде да почнете за да станете светски позната кошаркарска ѕвезда. Дали треба да вежбате издржливост, дали треба да вежбате шутирање од линијата за тројки? Колку часа треба да вежбате секој ден?

Во овој случај имате помалку конкретна цел која посакувате да ја остварите што ви создава потешкотии да увидите дали напредувате.

Како луѓе, доколку не се чувствуваме дека напредуваме, тогаш најчесто се откажуваме од она што го посакуваме.

За жал, многу луѓе не поставуваат конкретни и мерливи цели.

Наместо тоа, тие поставуваат големи, тешко остварливи и тешко мерливи цели за себе бидејќи им се допаѓа идејата на крајниот резултат.

Доколку во оваа реченица ги пронајдовте целите што ги поставивте за 2017 година, тогаш нема да ги остварите истите ниту во 2018 година.

Направете ја оваа промена во поставувањете на целите за 2018 година и видете што ќе се случи:

За следата година поставете цели кои ќе можете да ги остварите во рок од седум дена. Секогаш кога ќе поставувате нова цел, запрашајте се дали реално можете да ја остварите за една недела. Ако можете, организирајте си ја неделата во насока на остварување на таа цел. Колку часа дневно ќе посветувате на целта? Како ќе го измерите напредокот?

Ако не можете да ја остварите за една недела, тогаш целта ви е премногу голема. Во ред е да имате и големи цели, но нема да ја остварите освен ако не ја поделите на помали цели. Поставете си го прашањето: „Ако мојата масивна цел е толку далеку, што треба да направат оваа недела за да се придвижат во таа насока?“

Правилото на седум дена! Ова правило е најефективно кога се работи за поставување на целите бидејќи период од една недела е најчесто најоптималниот период да се заврши нешто. Проблемот е што ретко остануваме фокусирани на нашите цели цела недела.

Сонувате за големата, блескава награда на крајот, но кога треба да работите за да ја добиете, во некои од деновите помислувате „Немам многу време денес, ќе го завршам ова утре.“

Но го немате целото време на светот, имате само седум дена. Завршувајте си ги задачи кон целта редовно и повторувајте си го правилото на секои седум дена.

 

Извор: www.inovativnost.mk

Би те интересирало и

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како ...

Вреди 30 милиони долари, а вози стара кола и се грее на обична греалка

Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои ...