Како да имате добар секс секој ден во неделата? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Како да имате добар секс секој ден во неделата?

Ако сте мислиле дека сексот не може да биде прекрасен секој ден, сте се лажеле!!! Треба да знаете само како.

Со помош на овој мини распоред загрејте ја атмосферата во вашата спална соба, без оглед на тоа кој ден е.

Понеделник – Исполнувајте желби
Кога ќе дојде време за секс, сите свои предрасуди оставете ги надвор од спалната соба. Ако партнерот сака да одиграте стриптиз, направете го тоа. Ако таа побара од вас нешто што не сте го ни замислувале, изведете го најдобро што знаете.

Не осудувајте и понеделникот резервирајте го за посебни фантазии.

Вторник – Самодоверба
За добар секс не се важни само движењата, туку и начинот на кој ги спроведувате. А, самодовербата е најголем афродизијак.

Дури и да не знаете што правите, чувствувајте се заводливо и сексапилно. Облечете долна облека за „посебни пригоди“ и впуштете се во авантура.

Среда – Орален секс
Кога еднаш ќе му/и овозможите незаборавен орален секс, тоа нема да го заборави со денови. Истражете ги сите точки на телото кои го/ја возбудуваат и започнете.

Четврток – Направете го првиот чекор
Наполнете ја кадата, запалете свеќи, создадете романтична атмосфера и изненадете го/ја. Нема поголемо задоволство кога некој се чувствува посакуван, па она што може да го добиете за возврат ќе биде незаборавно.

Петок – Стимулирајте го мозокот
Фантазирајте со сите сетила. Не дозволувајте сексот да биде само физичко задоволство. Играјте улоги, споделете ги своите фантазии, започнете секси разговор…

Сабота – Време е за нова поза
Во сабота сте најодморени, па затоа овој ден е идеален за експериментирање. Изненадете го/ја со секси поза која нема да може да ја одбие, а следната сабота тој/таа нека го направи истото. Добро разгледајте ги сите можности!

Недела – Бакнувајте се
Паровите кои се во неколку годишни врски, забораваат на магијата на бакнежот. Неделата резервирајте ја за романтика и бакнувајте се колку почесто можете.

Би те интересирало и

Бидете подобар партнер во новата година

За една врска да биде успешна, потребно е многу повеќе од љубов, па клучна улога ...

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...