Како до перфектна витка линија

Едноличната исхрана која се препорачува во бројни диети бргу ќе ви здодее, па ретко кој успева да остане доследен. Затоа, неколку француски научници откриле трикови со кои ќе се поттикне слабеењето, но доброто расположение и заситеноста ќе бидат сочувани.

Студената храна, воздух и вода ни помагаат да се разладиме, но и ги топат килограмите. Затоа, избегнувајте топли јадења, загреани простории и туширање со топла вода. Тоа ќе ви овозможи да согорите калории исто колку да вежбате 15 минути.

Во шише кое херметички се затвора ставете малку исецкано каранфилче, пет измелени зрна кафе, цимет и ванила. Кога и да паднете во искушение да ја прекршите диетата, отворете го шишенцето и помирисајте. На секои пет дена испразнетего шишете и внесете свежи состојки.

Ако покрај вишокот килограми имате и целулит, пијте по литар и половина негазирана минерална вода дневно, за да го прочистите организмот.

Помешајте една супена лажица безмасно какао со две супени лажици јогурт, две супени лажици засладувач и арома од лешници. Секоја вечер засладувајте се со овој десерт и чувајте го во фрижидер.

Чудесните ‘ржени снегулки се идеални за заситување. Додајте ги во супа или било кое јадење ако сакате да ве држи сити подолго.

Искористете ги чудесните својства на ренданиот ѓумбир. Додајте го во чај, супа, овесна каша, ориз… Пријатниот мирис и вкус делува смирувачки на организмот.

Пијте зелен чај кој е познат по тоа дека е одличен антиоксиданс. Идеална количина се 4 шолји оладен зелен чај дневно, а за да го зголемите ефектот, додајте свеж ѓумбир.

По една супена лажица јаболков оцет пред и по оброкот е одличен начин да го забрзате метаболизмот и да ги разградите мастите. Доколку имате чувствителен желудник, користете пилули или раствор од оцет и вода.

Додади коментар

Би те интересирало и

Жените кои водат љубов барем еднаш неделно стареат побавно

Сексуалните односи го успоруваат стареењето кај жените, дури и ако не уживаат во интимноста – ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австралиска винарија „Пенфолдс“, е продадено за 51.750 австралиски долари ...

Close