Како знаеш дека си Македонец во туѓа земја !!!

sigurno-si-makedonec-0001

Како знаеш дека си македонец во туѓа земја …

Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети.
Денот ти почнува со кафе и цигара.
На аеродром ти имаш најголеми куфери.
Доцниш саат два на забава, и мислиш дека тоа е нормално.
Сите твои деца имаат прекари, кои немаат врска со нивните вистински имиња.
Уште саат време откако си станал да си одиш од некаде, разговараш со домаќините, пред врата.
Цел стан ти е прекриен со теписон. Паркетот не се гледа никаде.
Мајка ти ти вели дека си слаб, иако имаш прилично килограми над нормалното.
На секоја врата имаш ставено и завеса.
Ѓубрето го фрлаш во кесите од продавница.
Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри.
Ако не живееш сеуште со твоите родители, тие ти се јавуваат на телефон секоја вечер за да те прашаат дали си јадел/а.
Нормално е на свадба да се канат по 600 луѓе.
Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум, на шпоретот од старата куќа.
Ако си девојка, и имаш 20 години, а не си мажена, тогаш си стара мома.
Животот ти е заснован на претскажувањата од шољата од кафе.
Твоите родители досега на одмор биле ЕДНАШ, и тоа во родната земја.
Твоите родители сеуште сакаат повеќе да купуваат касети, отколку ЦД.
Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш
Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја.
Мајка ти често ти вели: – Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти.
Ако живееш надвор од Македонија сега сигурно климаш со глава и се смееш на ова.

Имате нешто да додадете? пишете ни на web@kanal77.com.mk

Би те интересирало и

Гугл случајно му ја расипа кампањата на Захариев

Кога Гугл ќе вмеша прсти, прави хаос сред кампања. Кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо ...

Снајди се па прави ајвар – фyнкционални изговори како да не добиеш казна ако те фати полиција како правиш ајвар

Полицијата последниве неколку недели користејќи специјално тренирани гладни студенти кои можат да намириаат ајвар и ...