Калајџиев за „Монструм“: Нема сомневања дека случајот треба да се врати на повторно судење

Кога Обвинителството би имало сомневања, не би можел никој да пратам на доживотна робија ако сум судија – вака универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев одговори денеска на новинарско прашање како го коментира барањето на Обвинителството да се укинат пресудите за доживотен затвор на обвинетите во случајот „Монструм“.

„Кога Обвинителството не стои зад обвинението, судот дотолку повеќе веќе нема ни морална основа. Тука немам никакви сомневања дека треба да се врати назад судењето“, потенцира Калајџиев.

Иако дел од седниците за овој случај беа затворени, професорот Калајџиев оценува дека јавноста е елемент кој заштитува од монтирани процеси:

„Јавноста гарантира дека има фер судење, дека навистина ќе се разгледаат сите аргументи и докази во постапката и тоа е сериозна гаранција“.

Цитирајќи ја максимата „подобро да се ослободат десет виновни, отколку еден невин да страда“, Калајџеив нагласува дека во домашната практика треба да се води сметка за презумпцијата на невиност и за самото ова начело кое поаѓа од можноста за грешки и злоупотреби во заштита на поединците кои се опфатени во казнено правниот систем. На оваа тема денеска во Скопје се одржа дискусија во организација на ОБСЕ.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...