Каменот повеќе тежи во родното место, но дали доволно да ги врати иселените

Сторија на Снежана Новаковска

Многу генерации Македонци заминале од родната земја со намера и сон да се вратат назад и да живеат и творат во родната земја.За жал денес оние кои сакаат да се вратат и да работат во Македонија се ограничени поради условите кои им ги нуди Македонија како инвеститори во родната земја.

Има ли во Македонија поволна клима за враќање на оние кои заминале повторно да се вратат  назад и капиталот кој го стекнале во туѓина да го инвестираат во напредок на сопствената земја.Дел од нашите соговорници велат дека државата не обезбедила поволна клима за луѓето повратници и дека основна цел тука е само да им се земат парите , а не и да се искористат тие добра за напредок на државата.

Еден од примерите на оние кои заминале и се вратиле назад е таткото на поранешниот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи. Тој ги сподели неговите искуства и заклучоци како долгогодишен Претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија .

 Каменот повеќе тежи во родното место
„Мојот татко не успеа да започне бизнис но затоа со парите стекнати во странство ме школуваше мене .Сите кои заминуваат надвор од државата имаа иста цел да се вратат дома , но од страна на нашата актуелна политика тоа не е правилно перципирано.Нашите политичари само зборуваат и парите кои ги носат печалбарите им се добредојдени, но тие не се ни трудат да го искористат искуството кое овде го носат печалбарите .Тие треба да го следат примерот на Франција и Германија кои се добар пример за надминување на една деструктивна политика, а не да се создаваат непотребни конфликтни ситуации со соседите.„вели Мебндерес Кучи.

Тој смета дека сиромаштијата е најголем непријател на секоја држава и семејство кое живее во неа. Обичниот човек е фактор за политичарите само предизборно, после тоа се останува непроменето.
Треба да се запрашаме што нашите политичари прават за да ги вратат и задржат луѓето кои сакаат да се вратат и да ги вложат парите тука во Македонија.
Кучи смета дека имаме уште шанса да ја искористиме емоцијата на старите иселеници за да се вратат и младите родени надвор од Македонија кои себе си се сметаат дека се тоа каде се родени Германци или Французи и сл.

За жал повратничките искуства нема да резултираат со позитивна приказна кај оние кои би сакале да инвестираат во Македонија. Во Северозападниот дел на Македонија државата наместо да им помогне таа им одмага на оние кои сакаат да инвестираат кај нас.

Скапо земјиште, нерешени инфраструктурни проблеми, снабдување со електрична енергија. Имало примери во минатите години кога се бараше од оние кои инвестираат сами да изградат централа за струја и доводот самите инвеститори да го обезбедат, раскажува Кучи од искуствата стекнати како долгогодишен претседател на Стопанската комора на Северозападна Макдонија.

За  неуспешните примери кои ги има многу  конкретно не раскажува затоа што вели, не би сакал да ги слушне оној кој сака да дојде и да инвестира тука.

Поголем ангажман на локалните власти
Локалните власти се тие кои всушност се и првите креатори на идејата „Дојдете во нашиот град„ да не чекаме од централната власт да направи многу туку локалците треба да притискаат на централно ниво со конкретни идеи програми и места, за да создадеме позитивни инвеститорски приказни.

За Мендерес Кучи, бизнис заедницата најдобро ги детектира проблемите кои го засегаат секој инвеститор и дополнува дека на нашата економија и требаат луѓе со искуство а не промотори кои штотуку ја напуштиле школската клупа.

Во Македонија треба да се треба да се детектираат гранките каде треба да се инвестира и според него земјоделието, туризамот и сл. таму треба да се инвестира и посочува дека пред очи гледаме како Попова Шапка пропаѓа а не се презема ништо. Има многу нашинци во Швајцарија кои искуството од таму може да го донесат тука во Македонија. Ние наместо да им го олесниме враќањето дома уштее на влез во Македонија им ја отежнуваме работата со формалности наместо да ги пречекаме достоинствено.

Соседите на Македонија нудат поповолни бизнис услови
Бројката на отворени фирми надвор од Македонија од наши луѓе денес е поголема во однос на отворени тука во државата.Бизнисмените од Македонија се повеќе примамени од поповолните бизнис услови кои ги имаат соседните земји и затоа голем број македонски фирми инвестираат таму.

Поволности за сите оние кои решиле да се вратат во Македонија и парите стекнати при печалба да ги инвестираат во сопствен бизнис во родната земја треба да обезбедат локалните и централните власти. Соседните земји  на оние кои сакаат да инвестираат им обезбедуваат и пласман на производите за разлика од нас кои гледаме да им ги земеме парите а за возврат не им даваме ништо.Перспектива во Македонија има само треба добра волја, стратегија и да се користат можностите се додека ги има а не да се гледаат работите низ призма на политички поени. Патешествијата на политичарите остануваат на фотографирање но не и на привлекување инвеститори.„вели Мендерес Кучи.

Иаскуствата од странство пренесени во Македонија
Арбен Абдурахмани е сопственик на успешна фирма во Тетово изградена во 2000 година. Тој се враќа од Германија и во својата земја отвара фирма по теркот на таа во која работел во Германија.
Веќе 17 години успешно опстојува на македонскиот  но и на светскиот пазар, живинарската фарма Везе Шари од Тетово.

Не беше воопшто лесно во 2000 година да се отвори фирма во Македонија но мојата голема желба и упорност во од Германија да го пренесам своето искуство тука во мојата татковина беа големи. Дотогаш работев како работник во фарма денес слична на мојата се до денот кога заедно со мојот тогашен германски газда не се договоривме нешто такво да отвориме и во Македонија. Во тоа време имаше и намерни и ненамерни сопки при почетокот со работа но сепак со макотрпна работа и залагање успеавме да стигнеме до нивото каде сме сегавели Арбен Абдурахмани сопственик на Везе Шари од Требош.

Денес во Македонија е многу полесно да се отвори фирма отколку во 2000 година кога почнував јас со мојот бизнис. Денес земјиште во Македонија може да се купи и за едно евро и фирма може да се регистрира за три часа. Тогаш самиот морав да се снаоѓам од врата на врата за да успеам. Сите сакаат да успеат преку ноќ не е така лесно. Кај многу повеќе се политизираат работите и се слушаат разни политички пропаганди. Не треба тоа да се прави ако се работи чесно и законски секој може да успее но пак ќе напоменам дека потребно е време и пари.Откако функционира мојата фирма се сменија многу власти јас со никого немав проблем затоа што сам ги вршев моите работи и го почитував секој закон“- смета Абдурахмани.


Младите бегаат од Македонија сметајќи дека таму животот е подобар

Сепак дома е најдобро. Во странските земји можеби се заработува подобро но таму прво што немаш е куќа а ако тоа треба да го плаќаш тогаш со парите кои ќе ги заработуваш само ќе преживуваш– раскажува Абдурахмани.

Според него, младите тоа го сфаќаат откако ќе заминат таму.Одат таму научени дека тука во Македонија нема работа а како обични работници таму тешко дека можат да создадат подобар живот.Помина времето кога и во странските земји можеше да се создадат поголеми средства како обичен работник.

Абрурахмани вели  дека државата ја прават обичните граѓани не политичарите, и дека сите заедно треба да работиме и да создаваме. Власта треба да отвори пат кон ЕУ а наше е да работиме и да извезуваме квалитетен производ.

И тој се сложува со ставот на Мендерес Кучи дека бизнисмените се тие кои треба да придонесат за државата затоа што во Македонија има голем потенцијал за бизнис.

Да не потпаѓаме под пропагандите туку да работиме и да отвараме нови бизниси. Од голема помош денес се и Стопанските комори во Македонија а на младите денес им треба да се решат да работат„ вели Абдурахмани.

Државата, поради ограниченост со ресурси не ги поддржува предлозите
Парите што во земјава ги испраќаат иселениците е најдобро да се искористат за самовработување на младите кои живеат во тие семејства, кои најчесто не можат да обезбедат финансии за отворање сопствен бизнис. Така овие девизи најдобро ќе помогнат за економски развој на земјата. Ова го покажало  истражување на Универзитетот Американ колеџ Скопје, според кое девизните дознаки можат да го зголемат самовработувањето на младите за 30 отсто.

Според истражувањата, годишно во земјава иселениците праќаат по околу 400 милиони долари, што е добиено врз основа на анкети и се смета за конзервативна пресметка. Направената  анкета покажува дека само 10-11 отсто од домаќинствата кои примаат дознаки ги канализирале во бизнис. Притоа најчесто се основаат мали и микропретпријатија за земјоделска дејност, фризерски услуги, занаетчиство или мали продавници.

Ова истражување вели дека дознаките придонесуваат за намалување на сиромаштијата, но можат да имаат голема улога и во самовработувањето на младите.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.
logo-ned

Би те интересирало и

Дефицитот на млади стручни кадри ќе ја „згасне“ текстилната индустрија

Иако е една од водечките во земјава, текстилната индустрија ја губи својата атрактивност пред младите ...

Податоците низ историјата велат повеќе Македонци живеат низ светот, отколку во Македонија

„Татковино те љубам како стари чевли“ – вели една мисла на Сервантес. Младите од Македонија ...