Кампања за хуманост кон животните со Ванеса Меј

„Идриз е секое животно и секое животно е Идриз!“ е насловот на он-лајн кампања за хуманост кон животните и најстрого санкционирање на мачењето и убивањето животни.

Кампањата ја почнаа светски познатата виолинистка Ванеса Меј, новинарките Јорданка Ивановска – Јоци и Мери Јордановска, актерката Ирена Ристиќ и граѓани активисти кои веќе месец дена бараат правда за брутално убиеното (заклано среде бел ден) куче Идриз.

„Месец дена од суровото убиство на кучето Идриз – во негово име и во име на сите останати како него, бараме најстроги казни за мачење и убиство на животните. Биди јасен и гласен, фотографирај се со твојот миленик и испрати поддршка. Да ставиме крај на човековото безумие и суровоста врз животните во Македонија!“, се вели во повикот на активистките.

Активистите ги наведуваат следните склучаи на мачење и убивање животни. На 29 април среде бел ден во Скопје, Симе Христовски со секира и со шипка го закла мирниот и сакан Идриз, додека кучето спиеше, пред очите на педесетина граѓани. Здружението ЕДЕН и граѓаните со недели протестираа пред куќата на монструмот барајќи правда, укажувајќи дека вакво ѕверство не смее да се премолчи и заборави. Против сторителот се поднесени 2 кривични пријави. На 22 мај Даниел Груевски, ангажиран како домар во станбена зграда во Кисела Вода, усмрти две мали маалски мачиња. Домарот Даниел Груевски ги фатил мачињата за грклан и со огромен притисок почнал да ги дави.

„Во држава каде што насилството не е строго санкционирано и се охрабрува малолетничка деликвенција и бруталност врз животните, се создава поволно тло за садисти и убиjци Eдно малолетно (Ј.А) и едно полнолетно (Марио Трпески) од Кочани, мачеле и уживале во убивањето на мирно бездомно куче, дословно касапено од пит бул, во сопственост на Марио“, се вели во соопштението на кампањата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Национален форум „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“

Во рамки на на кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската ...

Без струја утре делови од Гази Баба и Илинден

Населени места во општините Гази Баба и Илинден утре во одредени делови од денот ќе ...

Close