Кампања „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кампања „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш“

 

Преку кампања „НЕ за селфи на воз – Вреди да живееш” МЖ Транспорт ад Скопје ќе ги едуцира основците и средношколците во Скопје за ризиците од фотографирање на  вагоните во депото на МЖ Транспорт, по неодамнешниот случај во кој од струен удар загина петнаесетгодишно момче.

Кампањата почна денеска во државното средно училиште „Владо Тасевски“ каде на учениците им беа поделени и претставени флаери и видео презентации со пораки  „спречи го твојот другар да се докажува“ и 25 KV = na 25.000 V  или 5.000 пати повеќе за да го наполните вашиот мобилен телефон“.  Подготвени се тимови кои ќе ги посетат сите основни и средни училишта  во Скопје и ќе укажуваат на опасностите од електричната инсталација кај возовите.

„Ќе делуваме едукативно кон младите луѓе да го користат возот како  превозно средство, а не за качување на крововите и правење фотографии. Имаме многу  поубави места за фотографии во возот и во Македонија каде можеме да отидеме со воз, да излеземе надвор и да направиме фотографии“, рече  директорот на МЖ Транспорт, Игор Коруноски.

Како што најави Коруноски, ако има потреба кампањата „НЕ за селфи на воз – Вреди да живееш” ќе се спроведе и во останатите градови.

Би те интересирало и

Од март се укинува забраната за купување алкохол по 19 часот

Измените на Законот за трговија со кој треба да се укине ограничувањето за продажба на ...

Советот на Општина Прилеп ќе легализира и пренамени објект за Дневен центар за деца со церебрална парализа

Советот на Општина Прилеп на итна седма по ред, седница, во новиот состав ја усвои ...