Канал 77 Маркетинг

kanal77-3

Публиката претстваува прв и основен клиент на Радио Канал 77. Новата таргетирана публика преку нашиот радиски формат Урбан АЦ, e помлада. Програмата е динамична и изборот на комерцијални содржини е разновиден во зависност од потребите на нашите клиенти.

Почитувани клиенти,

Радио Канал 77 со својата програма Ви нуди можност за разновидно рекламирање со цел да се постигне максимален ефект и да можат сите слушатели да бидат информирани за Вас и Вашата компанија.

Рекламирањето кое Радио Канал 77 Ви го нуди може да се реализира на РАДИО, на web на www.kanal77.mk, но и на нашата нова платформа РАДИОВИЗИЈА.

Рекламирањето на Вашата компанија на Радио Канал 77 може да биде на национално, макро и микро регионите. Вашите реклами можат да бидат распределени во рекламните блокови, во повеке видови и форми на рекламирање преку спонзорство на час, радио продукти, спонзорство во Емисија Стадион и Ноќен експрес, ПР Супер 7. При поделеното рекламирање во макро и микро регионите, рекламирањето може да биде независно од избраните региони.

ТРД Радио Канал 77 нуди можност за снимање и продукција на Вашите рекламни спотови во различни варијанти и избор на гласови.

WEB страната на Радио Канал 77, www.kanal77.mk, е со динамична содржина, збогатена со повеќе информации и податоци од Македонија и светот, новитети, со повеќе забавни содржини, со актуелни содржини, спортски збиднувања и случувања и актуелности на Радио Канал 77. WEB рекламирањето е достапно на нашата страна како можност за закуп на простор /банер/ на почетната страна, на средната и крајната страна. Постои можност за рекламирање преку Флоат 1 и 2, како и закуп и рекламирање на мастер странични банери. Исто така преку закупот на рекламниот простор на WEB нашите посетителни можат директно да премината на Вашата WEB страна со линкуање на Вашиот рекламен простор.

 

Радио Канал 77 ги следи модните трендови и начини на рекламирање, доколку сакате и Вие да бидете во тренд – Ви стоиме на располагање заедно да изградиме имиџ на модерни и иновативни компании.

 

Можете да закажете средба или да не контактирате на:
Емаил: marketing@kanal77.com.mk
Tел: 032/397-707 и 02/3223-122
Адреса: 5-та Патриска конференција бб-Штип

Маркетинг на Радио Канал77

 

 

Наши соработници во изминативе години се: