Капитенот Талески прв си замина од Алжир, утре мора на тренинг во Германија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Капитенот Талески прв си замина од Алжир, утре мора на тренинг во Германија

Германскиот првак го брза Филип кој сам си замина од Мундијалот

 

Капитенот на македонската репрезентација Филип Талески уште синоќа си замина од Алжир, каде заврши Светското првенство за играчи до 21 година, дознава „Спортмедиа“. Талески мораше да брза и сам да си замине од Мундијалот и тоа поради клупски обврски.

Од таборот на германскиот првак Рајн Некар Левен побарале бекот што е можно побрзо да се јави на подготовките со тимот. Токму поради тоа, Талески веднаш по мечот за петото место против Унгарија, мораше да си замине.

Тој утрово треба да пристигне во Скопје, каде ќе остане само два-трча, а потоа со нов авионски лет да замине за Германија. Утре се очекува да се појави на тренингот на Рајн Некар. Талески уште пред почетокот на Мундијалот имаше проблеми со настапот за националниот тим.

Беше неизвесно дали ќе добие дозвола за настап, но на крајот сепак доби „зелено светло“ од најдобреиот германски тим. Сега Талески мора да брза, за да се посвети на клупските обврски во Германија.

Извор: Супермедиа

Би те интересирало и

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на ...

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...