Каратистите од Карате клубот Макпетрол – Скопје успешно ги завршија еднонеделните подготовки

img_3688

Каратистите од Карате клубот Макпетрол – Скопје, успешно ги завршија еднонеделните подготовки кои се реализираа во Маврово во периодот од 02-09 Јануари.

„Моравме да се одлучиме на ваков чекор веднаш на почетокот на Новата година, бидејќи за нас очигледно нема да има одмор. Никако не можевме да дозволиме спортистите да се опуштат за време на празниците кои беа во овој временски период. Во овој момент ние сме поделени на два фронта, првично треба да ги подготвуваме нашите кадети, јуниори и постари јуниори за еден од најсилните европски турнири , Интернационален турнир Кроација опен 2017 кој започнува на 13 -15 јануари во Самобор. По календарот на КФМ, овој турнир е изборен и квалификациски за состав на кадетско-јуниорската репрезентација, која треба да настапи на претстојното Европско првенство, кое треба да се одржи во втората недела на месец фебруари во Софија, Бугарија“, информира тренерот, Бошко Заборски.

img_3703

„За сениорите пак подготовките имаа исто така голема важност, бидејќи не очекува Државното сениорско првенство, кое е закажано да се одржи во првата недела на март и потоа следи Балканското првенство за сениорите, како и  настап на 1 Премиер карате лига во Холандија , Ротердам. Затоа планираме веднаш по завршување на турнирот во Хрватска- Кроација опен , да ги реализираме и вториот дел од зимските подготови од како ќе знаеме колку наши спортисти ќе бидат и официјално репрезенти во состав на Македонската репрезентација за Европското првенство. Тогаш комплетниот тим  заедно со сениорите ќе заминат  на 10 (десет дневни ), подготовки за што поуспешен настап на натпреварите кои ни следат“, додава Заборски.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Клиниката за кардиологија потврди дека Чавков имал срцев удар

Поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката ...

Жители на Аеродром апелираат: никнува нова депонија кај Ново Лисиче

Жителите од зградите на улицата Февруарски поход, жителите на населбата Лисиче и Ново Лисиче апелираат ...

Close