Кардиналот Џорџ Пел е обвинет за повеќе сексуални престапи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кардиналот Џорџ Пел е обвинет за повеќе сексуални престапи

Кардиналот Џорџ Пел, е еден од најстарите католици во Австралија и е претставник од трет ранг во Ватикан, тој е обвинет за повеќе сексуални престапи од страна на полицијата.

Обвиненијата се врачени на правните претставници на Пел во Мелбурн во четвртокот и тие се поднесени и во судот во Мелбурн. На Пел му е наредено да се појави на суд на 18-ти јули, пренесе Гардијан.

„Кардиналот Пел се соочува со повеќе обвиненија… и има повеќе жалители“, рече заменик комесарот на полицијата во Викторија, Шејн Патон. Обвиненијата се „прекршок за минат сексуален напад“.

Во изјавата објавена од католичката архиепископија во Сиднеј, 90 минути по објавувањето на обвиненијата, Пел објави дека „ќе се врати во Австралија, што е можно поскоро, за да го исчисти своето име“.

Пел е највисоко рангиран претставник на Ватикан кој ќе биде обвинет во долгиот скандал за сексуална злоупотреба на католичката црква.

Во изјавата на Пел, објавена во 4.30 часот во Рим, се вели: „Иако се уште се раните утрински часови во Рим, кардиналот Џорџ Пел е информиран за одлуката и акцијата на полицијата во Викторија. Тој повторно енергично ги отфрли сите обвинувања.“

„Кардиналот Пел ќе се врати во Австралија, што е можно поскоро, за да го исчисти своето име по совет и одобрение на своите лекари кои исто така ќе го советуваат на неговото патување.“

„Тој рече дека со нетрпение го очекува својот ден во судот каде енергично ќе се брани од обвиненијата“.

Извор: МКД

Би те интересирало и

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување полетал од аеродромот Гетвик кон Маурициус, бидејќи ...

Франција ја повика Турција да ја прекине офанзивата против сириските Курди

  Франција денеска ја повика Турција да ја прекине офанзивата против сириските курди. „Тие борби ...