Карењо-Буста му предаде на Надал

Рафаел Надал е првиот полуфиналист на Ролан Гарос, откако неговиот противник во четвртфиналето, Пабло Карењо-Буста, по 52 минути игра му го предаде мечот.

Двоткратниот освојувач на Ролан Гарос, првиот сет, во кој имаше дури седум брејкови, го доби со 6:2.

Во паузата помеѓу првиот и вториот сет Карењо-Буста побара медицинска помош, потоа го продолжи мечот, но при резултат 2:0 за Надал реши да се повлече.

Надал во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот помеѓу бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ, и Австриецот Доминик Тим.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Прво Гренд слем полуфинале за Кевин Андерсон

Јужноафриканецот Кевин Андерсон се пласира во полуфиналето на тенискиот Гренд слем во Њујорк. Андерсон во ...

Њујорк: Надал и Рубљов во четврт-финалето

Рафаел Надал и рускиот тинејџер Андреј Рубљев изборија меѓусебен дуел во четврт-финалето на Отовреното првенство ...

Close