Карпош Соколи изедначи во финалето со МЗТ Скопје

Следниот меч во серијата прв до три победи се игра в петок кога домаќин ќе биде МЗТ Скопје.

Во вториот натпревар од финалната серија во рамки на кошаркарскиот плеј-оф, екипата на Карпош Соколи го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 104:93 и со тоа го изедначи финалниот скор (1-1).

МЗТ Скопје имаше сила само за првиот период, во кој не му дозволуваа на противникот да направи поголема резултатска предност. Во вториот период, се разиграа шутерите од домашниот состав и со речиси двојно повеќе реализирани поени од гостите отидоа на полувреме со водство од 60:42.

Добрата игра на „соколите“ продолжи и во третата четвртина, а разликата достигна највисоки 25 поени (81:56). Гостите од Аеродром се „разбудија“ во последната четвртина, ја преполовија негативата (87:80) но брзата транзиција не беше доволна за пресврт на резултатот.

Драган Лабовиќ со 24 поени и 10 скокови беше најдобар играч во победничкиот состав, додека Јуре Лалиќ со 16 поени се истакна кај „металците“.

Следниот меч во серијата прв до три победи се игра в петок кога домаќин ќе биде МЗТ Скопје.

Превземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Доделени наградите за најдобрите во НБА лигата

Во конкуренција на Џејмс Харден од Хјустон и Каваи Ленард од Сан Антонио, кошаркарот на ...

Close