Касиљас: Буфон заслужи да ја освои ЛШ

Поранешниот голман и капитен на мадридски Реал, Икер Касиљас, во пресрет на финалето во Лигата на шампоните рекол дека чуварот на мрежата на Јувентус, Џиџи Буфон, заслужил да го освои пехарот.

„Да не е противник во финалето Реал ќе му посакав од сесрце на Буфон да го освои пехарот. Навивам за Реал, но кариерата на Џанлуиџи не би смеела да заврши без титула во Лигата на шампионите. Освоил речиси сè, само ја нема Лигата на шампионите“, изјавил Касиљас за „Газета дело Спорт“.

Касиљас, кој е слободен играч откако му заврши договорот со Порто, истакнал дека Буфон има шанса да ја добие „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер.

„Покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво иако има 39 години. Може да ја добие Златната топка, но тоа е малку комплицирано бидејќи е голман. Во финалето може да покаже дека ја заслужува“, дополнил Касиљас.

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите ќе се одигра в сабота, во Кардиф, а ривали ќе бидат Реал и Јувентус.

Финалето против Реал ќе биде трето во кариерата за Буфон по поразот на пенали од Милан во 2003 година и од Барселона 3:1 во 2015 година.

Додади коментар

Би те интересирало и

Проблеми за Пелистер на патот до Познањ, Битолчани заглавени во Љубљана

Пелистерци летнаа од Скопје и пристигнаа во Љубљана од каде што требаше да се упатат ...

Менито на свадбата на Меси главна тема на социјалните мрежи

Фудбалерот, Лионел Меси ќе се венча со долгогодишната партнерка Антолена Рокусо в петок во Росарија, ...

Close