Каталонскиот парламент в четврток ќе ги разгледува идните чекори во врска со членот 155

Каталонскиот парламент ќе одржи пленарна седница в четврток претпладне, на која ќе донесе решение како ќе реагира на одлуката на шпанската Влада за преземање директно управување со областа – најави портпаролот на регионалната партиска коалиција „Заедно за ДА“.

Коалицијата планира да го обжали пред суд активирањето на членот 155 од Уставот на Шпанија, со кој им се одземаат овластувањата на регионалните власти и се создаваат услови за одржување нови избори.

Се очекува шпанскиот Сенат в петок да гласа за примена на членот 155 во врска со Каталонија.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...