Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада

Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада на Каталонија, бидејќи кандидатот Жоаким „Ким“ Тора не го оствари неоходното апсолутно мнозинство од 68 гласови во првиот круг од гласањето.

Како што јави МИА, седницата за избор на нов претседател на регионалната Влада на Каталонија беше одржана вчера.

Утрешното гласање е последната можност на каталонскиот Парламент да избере претседател и да формира Влада, доколку не избере, ќе бидат распишани нови избори.

За утре ќе биде потребно просто мнозиство за да се избере нов претседател на регионалната Влада на Каталонија.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...