Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

Каталонскиот парламент со 70 гласа за и 10 гласа против изгласа независност од Шпанија. Сепак, пред гласањето откако опозициските пратеници ја напуштија парламентарната сала во знак на протест, по што пратениците што се залагаат за независност ги покрија нивните празни места со каталонски знамиња.

Шпанскиот Сенат, каде што Народната партија на премиерот Рахој има апсолутно мнозинство, ќе гласа за наредните чекори со кои ќе треба да се собори владата на Каталонија подоцна ова попладне. Ваквиот потег може да предизвика насилство, откако го притисна парламентот на бунтовничкиот регион да прогласи независност.

Во изјавата пред сенаторите претходно Рахој рече дека Шпанија мора да ја принуди Каталонија да го почитува шпанскиот устав. Денешната седница на Сенатот почна во 10.00 часот.

 

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...