Катар има „разумни“ позиции во спорот со арапските земји – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Катар има „разумни“ позиции во спорот со арапските земји

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се надева на напредок во изнаоѓањето решение во спорот меѓу Катар и четирите арапски земји.

Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Египет во мај му наметнаа санкции на Катар, со обвинение дека земјата ги финансирала екстремистичките муслимански групи. Една од битните причини за спорот е и блискоста на Катар со Иран, шиитска земја која сунитската монархија во Саудиска Арабија ја смета за „заколнат непријател“.

САД стравуваат дека кризата во Заливот би можела негативно да се одрази на операциите против тероризмот во регионот, но и од растечкото влијание на Иран, кој му помага на Катар да ги намали ефектите на санкциите.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Скандалот со издувните гасови ја обнови дебатата за мобилноста во иднина

Дали електричниот мотор може наскоро да го замени моторот кој работи на согорување? Какви концепти ...

ЕУ формираше експертски тим за борба против „лажните вести“

Европската унија формираше експертски тим, чија цел ќе биде да помогнат во откривањето на „лажни ...