Катар им платил 1 милијарда долари на терористи за откуп на заложници

Меѓународни терористи добиле од властите во Катар откуп во износ од 1 милијарда долари за 26 заложници, а меѓу нив имало членови и на кралското семејство, пренесуваи Financial Times. Луѓето биле киднапирани од терористите во Ирак.

Заедно со нив, слобода добиле и 50 војницикои џихадисти ги зеле во заробеништво во Сирија. Договорот за откупот се случил уште во април и фактот за преводот на парите кон терористите го потврдил извор близок до владата на Катар.

Според него, тој признал дека нема податоци за точниот износ на готовински откуп. Исто така му е непознато каде точно се упатени парите. Весникот се повикува на претставници на двете вклучени во преговорите земји, според кои, парите биле платени на групата “Тахрир аш-шам”, порано позната како “Џебхат ан-нусра”.

Извор: Локално

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...