Католичка црква воведе плаќање милостина со кредитна картичка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Католичка црква воведе плаќање милостина со кредитна картичка

За да не заостане во дигиталната доба, Католичка црква во Франција инсталираше терминал за плаќање на милостина со картичка од своите лојални парохијани. Ова дигитално надоградување е воведено во црквата Свети Францоис де Молитор во Париз – пишува порталот usb.

Побожните католици сега ќе можат едноставно да ја искористат својата картичка на еден од петте терминали кои кружат во текот на мисата во традиционална плетена кошница, претходно користена за собирање на црковните милостини.

Давателите на милостина имаат можност да дадат сума на пари која варира од 2 до 5 евра, иако Црквата негира дека најдобро е да се плати во кеш.

„Црквата се залага за давање на поддршка на сите во новите начини на живот и потрошувачка“, изјавиле преку соопштение од Парохиската епархија.

„Дематеријализацијата на средства со плаќање исто така е дел од предизвиците со кои Црквата мора да се соочи. Било преку кошничките за милостина, или преку бесконтактно плаќање или преку смартфон апликација“, се дополнува во соопштението.

 

Извор: www.usb.mk

Би те интересирало и

Почна Меѓународниот филмски фестивал во Берлин

Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата”, синоќа започна ...

Годишен попис на животни во Лондонската зоолошка градина

Вработените во Лондонската зоолошка градина изброиле околу 19.289 мали и големи животни при годинешниот „попис“. ...