Кежаровски најавува нова книга, продолжение на „Живот во кутија“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кежаровски најавува нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Читателите на книгата „Живот во кутија“ денеска имаа повторна можност, по промоцијата на 16 ноември, да се дружат со нејзиниот автор Томислав Кежаровски и да добијат негов потпис со посвета.

Средбата со писателот-новинар, кој во својата прва книга раскажа за осуммесечниот притвор во затворот Шутка, денеска од 12 до 15 часот е организирана во книжарницата Или-Или.

Кежаровски изјави дека на оваа средба сака да го слушне мислењето од тие што ја прочитале книгата која тој ја објави самостојно и по два месеца од нејзиното појавување ја следат позитивни реакции.

Авторот се подготвува и за нова книга која ќе биде продолжение и надоврзување на првата.

„Вториот дел ќе биде околу режисерите на мојот случај. Сите оние кои, условно, помалку или повеќе придонесоа да појдам во притвор. Работам на прибирање на податоците. Дел од материјалите сè уште ги немам видено затоа што можеби и не сум доволно психички подготвен да ги разгледам сите. Оној момент кога ќе бидам во состојба да можам и да бидам растоварен од некои работи за да седнам и да се посветам на тоа, ќе почнам со подготовката. Се надевам дека во догледен период, можеби на крајот на годината, ќе излезе продолжението – втората книга. Но, да оставиме да видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Кежаровски.

Би те интересирало и

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на ...

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе ...