Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември

Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември оваа година во јавните средни училишта, информира Министерството за образование и наука(МОН).

„Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитно-образовниот процес во земјата. Воведувањето нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа меѓу другото значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија“, се вели во соопштението од МОН.

Понатаму се додава дека поради временскиот теснец да се обезбедат овие стандарди и заради избегнување на несакани ситуации во средното образование, Владата донесе одлука да го одложи почетокот на Кембриџ програмата во средните училишта за учебната 2018/2019 година, со што се дава разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески

Сопригодна програма на 25 јануари Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и ...

ЗНМ бара Обвинителството повторно да ги разгледа пријавите за говор на омраза

Во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари – смета претседател на ЗНМ, ...