Киднапиран мексикански фудбалер кој игра во Грција

99403260_FILES_This_file_photo_taken_on_April_26_2014_shows__Tigrer27s_Alan_Pulido_celebrating_after_s-large_trans++pVlberWd9EgFPZtcLiMQfzQZgYGlavj0_5edVMaKHRQ

Дваесет и шестгодишниот мексикански фудбалер Ален Пулидо е киднапиран во сојузната држава Тамаулипас – соопштуваат мексиканските безбедносни власти. Пулидо бил грабнат близу до неговиот дом во Сијудад Викторија, отако си заминал од една забава на која присуствувал со својата девојка.

Според мексиканските медиуми, возилото во кое биле Пулидо и неговата девојка било пресретнато од шест камиони кои му го попречиле патот. Шест маскирани мажи го извлекле фудбалерот од автомобилот, додека девојката била оставена неповредена на еден паркинг.

Пулидо игра за грчкиот фудблски клуб „Олимпијакос“ од Пиреја, а неколкупати досега има настапувано и за мексиканската репрезентација. Сојузната држава Тамаулипас пак, важи за една од најнасилните држави во Меисико, каде сојузната влада во Сијудад Мексико има испратено дополнителни безбедносни сили за борба против припадниците на нарко мафијата.

Мексико важи за држава со најголем број киднапирани лица во светот.

Властите тврдат дека минатата година насилно биле одведени илјада лица, но безбедносни ексерти проценуваат дека таа бројка е многу повисока и изнесува дури десет пати повеќе.

Би те интересирало и

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...

Конте: Последното интервју беше погрешно пренесено

Навивачите на Челси можат да здивнат бидејќи менаџерот Антонио Конте потврдил дека е среќен во ...