Ким Дотком ќе биде екстрадиран во САД одлучија Австралискиот Виш суд

Вишиот суд во Нов Зеланд донесе денеска одлука декаКим Дотком, кој е основач на страната Мега-аплоад обвинет од Вашингтон дека организирал масовно пиратство на Интернет, да биде екстрадиран во САД.

Одбраната на претприемачот со германско потекло, чие виситнско име е Ким Шмицм изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Вишиот суд, кој ја потврди пресудата во прва инстанца од декември 2015 година.

Адвокатот на Дотком, Рон Мансфилд изјави преку соопштение дека денешната одлука е „исклучително разочарувачка“, но додаде дека одбраната не се чувствува победена.

Судијата Мари Гилберт сепак процени дека располага со доволно материјали, за да одлучи Дотком и уште тројца основачи на сајтот да бидат екстрадирани.

Аферата почна во јануари 2011 година, кога новозеландската полиција организира спектакуларен претрес во луксузната резиденција на Дотком.

Американското правосудство и ФБИ го обвинуваат дека организирал преку Мегааплоуд, затворен од властите во САД, масовно незаконско симнување на песни, телевизиски програми и филмови. Според обвинението Дотком и тројцата негови партнери, Фин Батато, Матиа Ортман и Брам ван дер Колк оствариле 175 милиони долари приход од својата дејност и нанеле штета за повеќе од половина милијарди долари на сопственици на авторски права.

Доколку биде екстрадиран во САД тој може да добие 20-годишна затворска казна.

Би те интересирало и

Еквадор го прекори Асанж за поддршката на независна Каталонија

Властите на Еквадор побараа од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да прекине со политички изјави, ...

Критичен момент во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница

Операцијата за пронаоѓање на аргентинската воена подморница  „Сан Хуан“, која исчезна во јужниот дел на ...