Ким Џонг-ун го заменил Божик со роденденот на баба му

kim-jong-un
This undated picture released from North Korea’s official Korean Central News Agency (KCNA) on January 12, 2014 shows North Korean leader Kim Jong-Un (C) inspecting the command of Korean People’s Army (KPA) Unit 534. AFP PHOTO / KCNA via KNS REPUBLIC OF KOREA OUT THIS PICTURE WAS MADE AVAILABLE BY A THIRD PARTY. AFP CAN NOT INDEPENDENTLY VERIFY THE AUTHENTICITY, LOCATION, DATE AND CONTENT OF THIS IMAGE. THIS PHOTO IS DISTRIBUTED EXACTLY AS RECEIVED BY AFP —EDITORS NOTE— RESTRICTED TO EDITORIAL USE – MANDATORY CREDIT “AFP PHOTO / KCNA VIA KNS” – NO MARKETING NO ADVERTISING CAMPAIGNS – DISTRIBUTED AS A SERVICE TO CLIENTS (Photo credit should read KNS/AFP/Getty Images)

Режимот на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун ги натерал христијаните во земјата наместо Божик да го слават роденденот на баба му Ким Џонг-сук, пренесуваат светските агенции.

Режимот бара од луѓето, независно од религијата, да го прослават роденденот на бабата на Ким Џонг-ун, која е родена на Бадник во 1919-та година, пишува New Europe. Многу Севернокорејци веќе и ја слават „светата мајка на револуцијата”, посетувајќи го нејзиниот гроб.

Според медиумите тешко овие податоци да бидат потврдени, поради фактот затвореноста на земјата и режимот, но претходните активности против христијанското малцинство во земјата укажуваат дека режимот навистина се обидува да ги укине божиќните прослави.

Во меѓувреме, водачот на Северна Кореја ветил дека ќе ги „елиминира слабите граѓани на земјата“ за време на божиќните празници, а според него има многу „слаби алки” меѓу партиските комитети и тие се неспособни да ги завршат „основните револуционерни задачи”.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Најмалку 148 луѓе загинаа откако се преврте и се запали цистерна со нафта во Пакистан

Цистерна со нафта се преврте и се запали на автопат во Пакистан при што загинаа ...

Полскиот претседател потпиша закон за ограничување на пристапот до контрацепцијата

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон со кој се ограничува пристапот до „таблетите „ден потоа“, ...

Close