Кина: Најмалку 29.000 жртви од глобалниот сајбер напад

Повеќе од 29.000 институции во Кина биле жртви на сајбер нападите, извршени со помош на софтверот „ренсомвер“, објавија во понеделникот кинеските државни медиуми.

Агенцијата Синхуа пренесе дека вкупно 29.372 институции до саботата вечерта биле нападнати. Според истиот извор најжестоко биле погодени универзитетите и други образовни институции.

Синхуа додава дека погодени биле и железнички станици, пошти, болници, деловни објекти, трговски центри и владините служби.

Претходно, јапонските компании објавија дека работат на надминување на проблемот кој го предизвикал глобалниот „ренсомвер“, сајбер напад.

Телевизијата НТВ јави дека 600 компании и 2.000 компјутери во Јапонија биле погодени од нападот.

Глобалниот сајбер напад извршен со помош на софтверот „ренсомвер“ предизвика проблеми во 150 држави.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close