Кинезите воведуваат 100 проценти данок на трансфери во фудбалот

Кинескиот фудбалски сојуз воведе ново правило според кое, тамошните клубови по доаѓањето на странските играчи ќе мора да платат данок во износ на трансферот. Овој данок ќе биде наменет за развој на млади кинески играчи, но таков потег значи дека кинеските клубови во иднина нема да бидат во можност да трошат енормни суми на засилувања од Европа, како што беше случај досега.

Новиот закон кој стапува на сила на првиот ден од преодниот рок – 19 јуни, носи неизвесност околу најавените големи трансфери какви што се Диего Коста, Вејн Руни и други.

Челниците на кинески фудбал претходно го намалија бројот на странци од четири на три во првата постава со цел унапредување на тамошниот фудбал и развој на репрезентацијата.

Овие одлуки се производ на трошење огромни суми пари за трансферите и платите на Карлос Тевез, Хулк, Грацијано Пеле, Оскар, Аксел Вицел,…

Крајна цел е да се направи силна кинеска репрезентација која би направила голем успех на некои од идните Мундијали.

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...