Кинотеката на Македонија го одбележува јубилејот на Димитрие Османли

На 29 мај, понеделник, со почеток во 19 часот, свеченото ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на филмскиот автор Димитрие Османли.

Со пригодни беседи за доајенот на македонската кинематографија ќе се обратат Александар Прокопиев и Илинденка Петрушева. Одбележувањето ќе продолжи со проекција на филмот „Мирно лето“ на Димитрие Рули Османли.
Одбележувањето на овој јубилеј ќе продолжи со проекции на филмовите „Мементо“ (30 мај, вторник, 20 часот), „Ангели на отпад“ (31 мај, среда, 20 часот), „Жед“ (1 јуни, четврток, 20 часот) и „Избор на документарни и кратки филмови“ (3 јуни, сабота, 20 часот).

Би те интересирало и

Започна пријавувањето за Дедомразовската трка во Скопје

Во недела на 24 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која ...

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена во Неготино

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена синоќа ...