Клаудија Шифер: „Се трудев да бидам Супермен, но во вистинскиот живот, јас бев Кларк Кент!“

Последната вечер на модниот спектакл во Милано, Донатела Версаче ја посвети на нејзиниот покоен брат Џани. А во тоа име на иста писта ги обедини и славните музи на Џани Версаче, легендарните супер модели Карла Бруни, Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд и Хелена Кристенсен.

Ова модно здружување разбуди спомени кај славните модели.

Во контекст на искуството, Шифер која важела за една интровертна тинејџерка и ќерка на адвокат, вели: „Се трудев да бидам Супермен, но во вистинскиот живот, јас бев Кларк Кент.“

Интересно е тоа што ја откриле во една дискотека во Дизелдорф, а на почетоците од нејзината кариера едвај кажувала по некој збор за време на снимањата.

„Кога им кажав на пријателите дека ќе одам во Париз да бидам модел, сите се смееја. Мислеа дека нема да можам да успеам таму поради мојата срамежливост. А јас навистна бев таква, но потоа сфатив дека кога ќе ме нашминкаат јас не се чувствувам како Калудија, девојка од мал град, туку тогаш имав чувство дека можам да правам неверојатни нешта.“

Инаку Шифер оваа есен заокружи 30 години успешна модна кариера, објави книга, но и линија на производи за шминка и нега, како и линија за облека.

Би рекла дека е среќна што не ги прифаќала сите понуди иако нејзините пријателки и велеле дека е луда што одбива некои од нив. Причината лежи во тоа што сега она што го прави, всушност го прави од забава, а не и целта само да заработи уште пари.

 

Би те интересирало и

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...

Прва Барбика со хиџаб во светот

Американската олимпијка, Ибтихај Мухамед доби својата Барбика, направена во нејзина чест, која воедно е и ...