Кливленд ја доби Индијана во мајсторката, Хјустон поведе против Јута (видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кливленд ја доби Индијана во мајсторката, Хјустон поведе против Јута (видео)

Актуелниоит вицепрвак во НБА лигата тимот на Кливленд успеа да се пласира во полуфиналето на Исток откако синоќа во мајсторката од 1.коло на домашен терен ја совлада Индијана со 105:101 за 4-3 во победи.

Најдобар играч на дуелот беше Леброн Џејмс со 45 поени, а притоа имаше и 9 скокови и 7 асистенции што значи дека беше на чекор до „трипл-дабл“. Гостите од Индијанаполис имаа водство само кон средина на третиот период, а најдобар во нивните редови беше Виктор Оладипо, со 30 поени, 12 скока и 6 асистенции.

Во првиот дуел од полуфиналето на Запад, Хјустон ја совлада Јута со 110:96 и поведе со 1-0 во серијата. Хјустон водеше во текот на целиот натпревар, а „ракетите“ веќе по првиот дел веќе ја обебзедија победата откако имаа предност од 64:39. Најдобар на теренот беше Џејмс Харден со 41 поен и 7 асистенции.

Превземено од: СпортКлуб

Би те интересирало и

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ

  Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел ...

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во консултација со клубовите одлучи полуфиналните натпревари од плејофот да се ...