Климатските промени се најголем проблем за земјоделците

Климатските промени се најголем предизвик за нас, особено за земјоделците, топлото време влијае на појава на штетници и болести кај одредени земјоделски култури, сметаат земјоделските стручњаци.

Временските услови не се наклонети кон земјоделското производство. Од јануари имавме турбулентен период со ниски темпертури, мрзнење во месец април,врнежи од дожд изминативе дваесеттина дена кои на некои места достигнаа и до 200 литри на м2, е знак дека се соочуваме со видлив глобален климатски проблем, вели професор др Ристо Вучков за актуелните состојби во земјоделието.

Поради развој на болести чувствителна е виновата лоза која е во фаза на формирање бобици а топлото време предизвика појава на инсекти и штетници кај овошките и градинарските култури. Сега е потребно земјоделците, пред се лозарите да посветат поголемо внимание кон своите насади, да ја следат состојбата со развојот на болести и да се врши редовна заштита, смета Вучков.

Досегашните истражувањата  покажуваат дека дефинитивно во регионот климатските промени сериозно ќе ги лимитираат приносите, најмногу поради недостиг на вода. Затоа земјоделското производство треба да се ориентира пред се кон рехабилитација на системите за наводнување, поефикасно користење на водата како и конзервација на почвата.

Автор: Билјана Тошевски

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...