Коалицијата „ВМРО за Македонија“ синоќа се представи пред штипјани

vmrozamakedonija2

Својата програма, синоќа пред штипјани ја презентираше коалицијата „ВМРО за Македонија“ – Достоинство, ВМРО-Народна партија и „Обединети за Македонија“

Еднаква социјална правда и признавање на бранителите од страна на Република
Македонија па макар со едно одликување и благодарница, вети синоќа лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов на синоќешниот собир.
Тој истакна дека трите лидери изворно потекнуваат од ВМРО од деведесетите и се вистинската основа на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатите избори ден пред молкот во Штип биле растурени летоци со наводна преписка меѓу него и брат Љубе и истата беше објавена во провладините медиуми и за овие невистинити информации Стојанче Ангелов водел судски спор со Драган Павлович Латас, каде што секако го изгубил спор и е должен да му плати обештетување на Латас.

За овие избори нема да и успее на владејачката партија да направи раздор во нивната коалиција бидејќи силно е единството е помеѓу генералот, братот и војводата кои се вистинското ВМРО.
Љубе Бошковски изјави дека нема намера да ги лажат граѓаните дека ќе ја намали невработеноста за 17 % бидејќи тие што го изјавуваат тоа во нивните програма во нормална држава би биле во здравствена институција . Таквите луѓе кои што себе си се нарекуваат ВМРО во минатото биле во пелени или раководители во некоја друга партија а сега истите тие оценуваат кој е вистински вмровец.
Љубчо Горгиевски во својот говор се потсети на деведесетите кога е отворен првиот комитет во Штип и кога во истата вечер еден од присутните членови кој имал голема визија рекол дека ние треба да се бориме за ВМРО- југословенска и дека по толку години
се покажа дека истиот тој член имал навистина добра визија и дека сега во Македонија владее ВМРО- југословенска.
И секретарот на општинскиот комитет во штип кој е овде 25 години може точно да
ви даде информација,
број и и во кое време во која партија бил, на кое работна позиција бил ,дали како раководител,дали директор но сега е ВМРО- југословенски. Мислевме дека во деведесетите кога се боревме против коминизмот демократијата е воспставена но не е,ние мораме да ја замениме оваа премногу стабилна влада со 63 пратеници која што 10 години владее со нас во нестабилна влада.Ние бараме мандат за 15 пратеници за да можеме да учествуваме во формираањето или распуштањето на владата за да ја вратиме демократијата во Македонија -изјави синоќа Љубчо Ѓеоргиевски синоќа во Штип.

 



Додади коментар

Би те интересирало и

dik-670x447-47043-68631-1

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

36730434_302

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close