Коби Брајант доби номинација за Оскар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Коби Брајант доби номинација за Оскар

Поранешната НБА ѕвезда, Коби Брајант, постигна навистина голем број успеси во кошаркарската кариера, меѓу кои се петте шампионски титули и два златни олимписки медали.

Но, успесите на легендата на Л.А Лејкерс денеска доби нови димензија откако Коби доби номинација за филмските награди Оскар и тоа во категоријата краток анимиран филм.

Се работи за остварувањето „Dear Basketball“ кое е анимирано од „Дизни“ аниматорот Глен Кин, а е базирана на поемата која Коби ја напиша на интернет страницата „The Players Tribute“ во 2015 година, кога ја завршуваше кошаркарската кариера.

За проектот во кој е вклучен Брајант да биде уште поконкурентен за посакуваното признание се погрижи и композиторот Џон Вилијамс кој ја напишал музиката за краткиот анимиран филм, а досега веќе има освоено пет Оскари.

Церемонијата на која ќе бидат соопштение добитниците и доделени Оскарите е закажана за 4. март.

Извор: Дерби

Би те интересирало и

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ

  Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел ...

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во консултација со клубовите одлучи полуфиналните натпревари од плејофот да се ...