Кога возевме со најскап, а кога со најевтин бензин

Цената на бензините од денеска е за 3 денари пониска, додека дизелот се продава за цена помала за 2 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на горивата во мај годинава се на скоро исто ниво како и на почетокот на мај минатата година, односно цените се за околу еден денари пониски во просек.

Но што вели статистиката на Регулаторната комисија за енергетика, кога Македонците возеа со најскап, акога со најевтин бензин.

Споредбата која што ја направи еМагазин со пресек на цените на горивата во првата половина на мај во изминатите 10 години покажува дека најевтини биле горивата во 2009 година, додека рекордни цени на бензините и дизелот се регистрирани во 2012 година.

Така ако се споредат последните цени на Регулаторната комисија за енергетика со цените кои важеле во првата недела на мај 2012 година тогаш произлегува дека граѓаните на Македонија за литар гориво во просек плаќале за 20 денари повеќе од сега.

Во мај 2012 година цената на литар Еуросупер од 95 октани изнесуваше 82 денари за литар, бензинот со 98 октани пак чинеше 84 денари, додека за литар дизел гориво граѓаните плаќаа 72 денари.

Литар Еуросупер 95 денеска на бензинските станици низ Македонија се продава по цена од 62 денари, Еуросупер 98 чини 64 денари, додека литар еуродизел чини 47 денари.

Во 2009 година литар бензин Еуросупер 95 чинел 56 денари, Еуросупер 98 чинел 57 денари додека литар Еуродизел во првата половина на мај 2009 година се продавал за 44 денари.

Инаку рекордна цена на горивата во Македонија во последните 10 години е забележана во првата недела од април 2012 година. Тогаш литар Еуросупер 95 чинеше 89 денари, Еуросупер со 98 октани чинеше 90,5 денари додека литар дизел се продаваше по цена од 73,5 денари.

Превземено од: Емагазин

Би те интересирало и

Со минимален гарантиран доход до искоренување на сиромаштијата

Со минимален загарантиран доход до намалување на сиромаштијата во земјава – ова е решението кое ...

Хрватската индустрија со трет најголем раст во Европа

Извештајот на Европскиот статистички уред покажува дека во Хрватска е забележан најголем пораст на индустриското ...