Кога е време за раскинување?

Постојат разни знаци што предупредуават дека врската е во криза, или дека оди во погрешна насока, а сè зависи од тоа дали сакаме да ги видиме, или ќе ја држиме главата зариена во песок како ној.

Магазинот „Esens“ ги наведува знаците кои што предупредуават сериозно да се размисли дали треба да се остане со партнерот во врска.

1. Повеќе го сакате неговиот потенцијал, или она што би можел/а да стане, наместо она што е, можеби никогаш нема да бидете задоволни со својот партнер.

2. Се однесувате поинаку во негово присуство отколку во кругот на семејството или пријателите. Пронајдете друг партнер. Не можете да бидете со некој со кој не го покажувате вистинското лице.

3. Без разлика на тоа какви проблеми имате, не смеете да ги игнорирате фактите и да бидете во заблуда. Ако е така, врската нема иднина.

4. Ако е оженет/омажена, или се гледа со некој со кого бил во некој вид врска, не ви припаѓа вам и не постои заедничка иднина.

5. Не знаете што да направите и се чувствуавте лошо во врската, составете листа на негативни и позитивни страни. Решението е едноставно, ако можете да бидете потполно исктрени со себе.

6. Ако сте со некого само затоа што се плашите да бидете сами и мислите дека нема да пронајдете некој друг, осудени сте на несреќна љубов.

Би те интересирало и

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...

Дознајте дали девојката ве изневерува!

Самата помисла дека саканата жена е во прегратките на друг маж предизвикува тежина во градите ...