Кои скриени таленти ги имаат познатите личности

Дали знаете дека некои познати личности не се само добри актери, музичари и модели туку имаат и некои тајни таленти? За некои од нив веќе знаеме дека работеле и други професии пред да станат познати.

Но, овде покажуваат интересни таленти во кои се навистина добри и речиси професионални, иако ги користат само како свое хоби.

Боб Дилан иако ја има испеано „Like a rolling stone”, сепак она што е негов талент е моделирањето на челикот., кое го научил уште како мал.

Кристина Хендрикс знае да свири на хармоника. Таа вели дека тоа е романтичен инструмент со полн звук.

Колин Фарел знае одлично да игра ирски народни танци, кои ги играл за да заработи за живот додека живеел во Даблин.

Џина Дејвис е највешта во стрелаштво. Дури била и полуфиналист во Американскиот олимписки тим за стрелаштво во 1999 година.

Снуп Дог скоро сите го знаат како рапер, но родители и играчите на рагби тимот Pomona Steelers го знаат како тренер. Тој бил главен тренер и на младинските фудбалски тимови на неговите два сина.

Брус Вилис неговата кариера ја започнал со свирење на усна хармоника во R&B бендот Loose Goose. Тој се уште свири, а понекогаш оди и на турнеи со бендот The Accelators.

Сузан Сарандон обожува да игра пинг-понг, толку многу што таа е дури и ко-сопственик на клубот SpiN во Њујорк.

Харисон Форд приватно знае да управува и со авиони и со хеликоптери.

Стив Мартин сака да свири на бенџо. Толку многу го сака овој инструмент што дури има направено и натпревар и награда „ Steve Martin Prize for Excellence in Banjo“ за оние кои најдобро свират.

Би те интересирало и

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Индиската убавица, Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година. Во ...

УНИЦЕФ: Јемен ќе остане без гориво и вакцини за еден месец

Портпаролката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Јемен, Маритксел Релањо, денеска предупреди дека резервите ...