Колку домени поседува новиот американски претседател Донал Трамп

Доналд Трамп дефинитивно е човек кој што не може без медиумите и модерните технологии, иако никогаш не живеел од нив. Сепак, тој е исклучително активен на социјалните мрежи, посебно на Твитер и речиси константно е во војна со американските медиуми.

Исто така, медиумите ја покачуваат посетеноста „на грб на Трамп“, се зголемува читаноста и бројот на кликови, што на крајот на краиштата е доста важно. Сепак, дали некој досега се запрашал колку веб домејни се во сопственост на новиот американски претседател?

Можеби многумина тоа не ги интересира, но Трамп пред се е бизнисмен, па новинарската екипа на „СиЕнЕн“ одлучила да истражи колку веб домејни се во сопственост на првиот човек на Соединетите Американски Држави.

Првиот интернет домејн Доналд Трамп го купил на 20-ти јануари 1997-ма година и секако и ден денес е активен – тоа е веб адресата donaldjtrump.com, но со текот на времето бројот на домејни во негова сопственост значително пораснал. Денес таа бројка според истражувањето на „СиЕнЕн“ пораснала на неверојатни 3643 веб домејни.

 

Преземено од: Точка

Би те интересирало и

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...

Калифорниец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Жител на америкнската сојузна држава Калифорнија, кој верува дека Земјата е рамна, има намера самостојно ...