Колку здравје содржи едно јаболко – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Колку здравје содржи едно јаболко

Пет причини зошто треба да јадеме барем по едно јаболко во денот.

1. Го чува нашиот вид

Со оглед на тоа што јаболката се богати со антиоксиданси, тие можат да дејствуваат превентивно врз појавувањето на катарактата.

2 .Богато е со влакна

Јаболкото е одличен извор на влакна и го помага работењето на системот за варење. Освен тоа, влакната можат да го регулираат апетитот и да нè задржат сити подолго време.

3.Го чисти црниот дроб

Поволно е за здравјето на црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините. Пружа можност за детоксикација на едноставен и вкусен начин.

4 . Добро е за срцето

Еден од најважните здравствени благодети на јаболкото е неговото влијание врз срцето. Влакната што ги содржи го намалуваат нивото на лошиот холестерол, со што се намалува ризикот од срцевите заболувања. Токму јаболкото го спречува затнувањето на артериите, и така го намалува ризикот од срцевиот удар.

 

5. Помага при слабеењето

Луѓето кои водат сметка за својата исхрана имаат повeќе помали оброци во текот на денот. Јаболкото се смета коко еден оброк, а особено е корисно во утринските часови кога може да го забрза губењето на килограмите.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Истражувањата покажаа: Жените се посилен пол

Истражувачи од Универзитетот во Лондон откриле дека женскиот имун систем може да победи различни инфекции ...

Направи сам: Зелен напиток за постпразнична детоксикација

Периодот по празниците е време кога некои обично повторно почнуваат да ги бројат калориите или ...