Колку често треба да се шишате – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Колку често треба да се шишате

Светски познатиот фризер Патрик Камерон кој важи за „мајстор за долга коса“ вели дека прашањето околу тоа колку често треба да се шишаат, му е едно од најчесто поставуваните од страна на неговите клиенти.

Според него, доколку имате куса фризура со изразена текстура, најдобро е да се шишате по малку на секои шест седмици, за да го одржувате посакуваниот облик. Посебно затоа што за разлика од другите типови на фризури, оние кои се куси многу побрзо ја губат формата. Фризерот додава дека доколку имате подолга коса, со степен или пак сосема рамна, нема потреба од толку често шишање.

Патрик вели дека девојките кои имаат долга коса често прават пауза од шест месеци помеѓу две шишања, но тој би препорачал тоа да го прават на 3-4 месеци за да се добие вистинскиот ефект на здрава коса. Додава и дека девојките со виткана коса, најчесто се шишаат еднаш до два пати годишно, бидејќи се плашат од кратењето, со оглед на тоа што ако на пример таквата коса се скрати за еден сантиметар, кога ќе се исуши, ќе биде пократка за два или пак три сантиметри.

Би те интересирало и

Уролог породи жена за време на лет од Париз до Њујорк

Откако екипажот на авионот побарал помош од лекар, Хемал сфатил дека би можел да ѝ ...

Фотографија на денот: Домашното срнче Бамби

Срнчето Бамби расте заедно со уште две кучиња во куќата на Ања Пален и Петер ...