Колумна: Медиа џубокс – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Колумна: Медиа џубокс

Медиумска идила со кривичното дело сторено години наназад, заедно со многу кривични дела за кои знае и власта и опозицијата. И медиумските организации, знаат сите. Но, никој  нема сили и мотив да го сменат и кривично да го гонат господинот Зоран Трајчевски (директор на ААВМУ) бидејќи на минатата власт им беше во функција, знае да се додвори на ЕУ, не одзема дозволи на опозициски медиуми, гони и казнува само поедници и нема повеќе потреба од Ад хок тело.

Последните локални избори беше примерен.  Ги казнуваше „провмровските“ Сител и ТВ Нова за навидум да изгледа дека му дошол паметот, но при тоа, силно се жали дека новите законски промени, чл.19 каде се предвидува да не може да конкурира лице кое било партиски функционер државен службеник, повереник, последните 10 години.

Во членот 19 се менува и гласи:
По ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи:
„(2) Кандидатот за Директор на Агенцијата за ААВМУ да не бил член во органи и тела на политички партии, да не е член на политичка партија и да не извршувал функции во законодавната и извршната власт во период од 10 години, засметано наназад од годината во којашто ја поднесува кандидатурата.“

На ова се жали дури до Европска унија, со став дека законското решение е формулирано според неговиот профил и кариера, со цел тој да биде исфрлен од игра.

За воља на вистината, новата влада одговара дека независното регулаторно тело мора да добие експертски и непартиски тим и да не ни се повтори никогаш повеќе Зоран Трајчевски – човекот од (партиска) кариера. Машински инжинер, магистер за енергетска ефикасност, доктор за радиодифузија!

За очекување е господинот Трајчевски и пријателите од ААВМУ да се обидат да изнајдат „Итар Пејо решение“ со помош на Магдалена (Довлева) – експрет за угостителство и туризам, но, дали е тоа доволно? Дали конечно ќе проработи механизмот на државата? Агенција за организиран криминал? Државениот јавен обвинител? Комисија за спречување на корупција, парламентарна комисија…?  Или ќе подлегне државата на Итар Пејо политика и се’ ќе си остане како во минатото, па медиумите ќе мораат повторно на улица со транспаренти „Нема правда, нема мир“!

Или можеби има друго решение?!

Ќе ги промениме сите законски прописи и норми согласно потребите на клиентите, па ќе може сопственик на кабелска телевизија, неговото семејство, политичката парија и сите заинтересирани страни да имаат се’! Тогаш се’ ќе биде законски, не мора да го товариме Трајчевски за никакви прекршувања.

Додека медиумскитге сопственици за да можат да останат на пазарот ќе мора да си најдат партнери со бензиска пумпа, хотели, политичка партија, кабелски оператор, синџир на хотели и други свои бизниси по примерот „Мои фирми-мои огласувачи“ и така ќе го етаблираме нашиот македонски ендемски вид во балканската медиумска индустрија.

Ова знаење (know how) можеме да го изведеме и во други земји, а можеби и ќе плати некој за знаењето.

Оптимистичката варијанта е дека горенаведеното е илузија, фатаморгана, се’ е далечно минато. Но, дали е така?

Би те интересирало и

Економскиот раст и развој во стапицата на медиокритетската средина

доц. д-р Марјан Николов Загрижува што и новата Влада продолжува со програма за економски раст ...

Се редат „бисерите“ на директорот на ААВМУ

Нови „бисери“ од ризницата на директорот на агенцијата кој треба да ги регулира радиодифузерите во ...