Кометал ЃП добива наследник? Вардарки се фаворитки за трофеј во женската ЛШ

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција, Вардар, е прв фаворит за трофејот во женската ракометна Лига на шампиони според листата која ја објави ЕХФ – пренесува порталот Гол.

Вардарки играат во страшна форма и очекувано се наоѓаат на првото место. Избраничките на Давид Дејвис Камара се единствените кои се непоразени во натпреварувањето, а како главен фактор за успехот ЕХФ го посочува одличниот играчки ростер и долгата клупа која ја поседуваат „црвено-црните“. Издание за титула ракометарките на Вардар ќе имаат да покажат во наредните два меча, кога во Скопје гостуваат Будуќност и Турингер.

Македонија досега еднаш имала првак во женскиот ракомет. Тоа беше Кометал Ѓорче Петров, кој во 2002 година во финален двомеч беше поуспешен од Херц ФТЦ Будимпешта.

По Вардар, кој е на лидерското место на листата, следат ФТЦ (Унгарија) и Ѓер (Унгарија).

 

Извор: www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕХФ ја исфрли Грција од ЕП во Македонија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја исфрли грчката репрезентација до 17 години од Европското првенство кое ...

Турнирот „Струга 2017“ генерална проба за охриѓани пред ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид имаше одлична сезона зад себе во која го остварија својот најдобар пласман ...

Close